Лимфаденопатија е отекување т.е. зголемување на група лимфни јазли. Често терминот се користи како првична дијагноза која треба да се уточни со дополнителни испитувања.
Најчесто, отечен (зголемен) периферен лимфен јазел е од бениген карактер.
Според [1], само во околу 1.1% од случаите отечен периферен лимфен јазел укажува на малигно заболување. При тоа, ризик фактори за малигно заболување се поодмината возраст, тврдост на лимфниот јазел, присуство на отокот повеќе од 2 недели и локација над клучната коска.
Ако отокот или болката во лимфниот јазел трае повеќе од 1 месец, најдобро е да се направат дополнителни тестирања или биопсија.
При отечени или болни лимфни јазли, најчесто применувана дијагностичка метода е ексцизиона биопсија.
Повеќе детали во цитираниот научен труд:
[1] A. W. Bazemore and D. R. Smucker, Lymphadenopathy and Malignancy, Am Fam Physician. 2002 Dec 1;66(11):2103-2111.
Оригинал: http://www.aafp.org/afp/2002/1201/p2103.pdf
Автоматски превод на [1]:
Македонски
Српски
Албански
Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија
Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
