Рак е ткиво од абнормални клетки кои се размножуваат неконтролирано и имаат способност да навлегуваат во нормалното ткиво и да го уништуваат.
Некои видови рак имаат способност да се шират од еден орган на друг.
Ракот е втора најчеста причина за смрт, после срцевите болести.
Елементарна причина за рак се генетски мутации во клетките кои причинуваат нагло и незапирливо клеточно размножување.
Генетските мутации некогаш се вродени, а некогаш се стекнати под дејство на хормони, вируси, хронични воспаленија, високоенергетски зрачења (ултравиолетово зрачење од сонцето, рентгенско или гама зрачење), хемикалии итн.
Не сите генетски мутации причинуваат рак. Во човечкото тело секојдневно се случуваат голем број генетски мутации, но најголем дел од нив се отфрлаат или корегираат преку разни клеточни регулаторни механизми.
Од рак може да се заболи на било која возраст, но ракот зачестува над 65 годишна возраст.
Точните причини за рак не се познати. Иако постојат идентификувани ризици од надворешната средина или животните навики кои причинуваат рак, голем е бројот на луѓе кои заболеле од рак без да бидат изложени на некој од познатите ризици.
Главни принципи на лечење на рак се
отстранување ткивото на ракот (целосно или што е можно повеќе) - најчесто хируршки.
убивање на евентуално преостанатите ракови клетки - најчесто по пат на хемотерапија, зрачење или хормонална терапија.
хемотерапија (цитостатици) - лекови кои главно ги убиваат раковите клетки, а ги поштедуваат нормалните клетки.
хормонална терапија - некои типови рак како на пример рак на дојка или на простата се поттикнати од извесни хормони. Со блокирање на овие хормони може да се забави или прекине растот на ракот.
ублажување на болка или несакани ефекти од терапијата.
Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија
Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
