Вашиот доктор специјалист или хирург претходно зема примероци од ткива или телесни течности за анализа.
Овие материјали се доставуваат во ПЗУ „Биопсија“ за хемиско процесирање и дијагностика по пат на микроскопска анализа.
Добивате дијагностички наод од специјалист патолог во најкус можен рок.
Пато-хистолошката микроскопска анализа е најточната дијагностичка метода за потврда на клиничката дијагноза и е неопходна за одредување на терапија и прогноза на текот на заболувањето.
Долгогодишното искуство на нашите патолози специјалисти е гаранција за квалитетот и точноста на вашата дијагноза.
Главна предност при соработката со ПЗУ БИОПСИЈА е што наодот од специјалист-патолог го добивате во најкус можен рок - вообичаено за 1-3 работни дена, во зависност од материјалот.
ПЗУ „БИОПСИЈА“
Приватен дијагностички центар Лабораторија за патохистологија и цитологија
Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК) Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.