Простата е орган кај мажите кој произведува семена течност. Рак на простата е најчестиот рак кај мажите. Најчесто расте бавно и во почетокот се наоѓа само во простатата каде што не може да предизвика големи проблеми. Но постојат типови рак на простата кои растат брзо и се шират на други органи. Причини за рак на простата не се јасни.
Ако ракот на простата се открие рано - додека не е раширен на други органи - шансите за излекување се поголеми.
Симптоми: Во почетокот ракот на простата не предизвикува симптоми, но во подоцните стадиуми може да предизвика
Ризик фактори: Возраст над 65, наследна компонента, прекумерна тежина
Компликации: Ако рак на простата метастазира - се рашири на други органи, како на пример мочниот меур, коските, лимфните јазли, белите дробови итн., шансите за излекување се мали. Метастази на коските можат да предизвикаат болки и кршење на коска. Други компликации од ракот на простата или терапијата се недржење на мочката и ерективна дисфункција.
Дијагностицирање: Не постои целосна согласност по прашањето дали мажи кои немаат симптоми треба да се исптуваат за рак на простата. Првични тестови кои би можеле да се применат се напипување на простата преку ректум и тестирање на антиген специфичен за простата (PSA).
Ако овие испитувања покажат отстапување од нормалното, може да се примени испитување со ултразвук и земање примерок од простатата со помош на игла за земање примероци. Земениот примерок се анализира во хистолошка лабораторија за да се одреди дали клетките се рак или нормално ткиво. Дополнително, ако хистопатолошката анализа одреди постоење на ракови клетки, се одредува типот на ракот т.е. неговата агресивност.
Во случај да се дијагностицира рак на простата, може да бидат потребни испитувања за раширеноста на ракот. Овие испитувања можат да се вршат со компјутеризирана томографија, ултразвук, магнетна резонанца итн.
Лечење на рак на простата: Начинот на лечење зависи од стадиумот на ракот т.е. неговата распространетост.
Алтернативна медицина: Комплементарни лекарства или алтернативна медицина најчесто не помага за сузбивање на ракот или има занемарливи ефекти, но може да помогне за подобрување на општото самочувство кај пациентот. Често се применува акупунктура, хипноза, масажа, медитација, јога, терапија со физички вежби, релаксација со музика и сл.
Приватен дијагностички центар
Лабораторија за патохистологија и цитологија
Локација: Скопје - Центар, Македонија (МК)
Во близина на Државна Болница ДЕТАЛИ
Работно време: Пон-Пет: 9-16 ч. Саб: 10-14 ч.
